Top Sport

Озил и Ѓулсе пред свадбата ќе платат операции за 1.000 деца!

Месут Озил имаше сезона 2018/19 за заборав, откако по фијаското на СП во Русија со Германија и откажувањето од националниот дрес имаше низа повреди и покажа слаба форма во Премиер лигата за Арсенал.

Но, барем на личен план, него работите му одат според планот – тој денеска се ожени за својата долгогодишна девојка Амине Ѓулсе и двајцата решија да направат убав гест за нивниот голем ден. Преку социјалните мрежи, Озил соопшти дека тие двајца ќе платат операција за 1.000 деца во Европа и светот и побара тие кои се во можност да придонесат и да донираат пари за уште 1.000 деца.

Озил и Ѓулсе ќе го направат ова преку германската добротворна организација „Големи чевли“, која ја поддржува од 2014 година и која работи со потребни операции на деца од сиромашни околини – изгореници, дефекти на стапалата, деформации на лицето.

Гест за почит, што и да мислите за неговите фудбалски квалитети и залагањето на теренот.

Scroll to Top