Реал Мадрид е подготвен да преговара за трансферот на Касемиро (30), пишува бразилски „УОЛ“. За бразилскиот играч за врска се заинтересирани Јувентус и ПСЖ, а Реал би ја пуштил својата ѕвезда за 50.000.000 евра.
Касемиро е во Реал од 2013 година, кога пристигна од Сао Паоло. Играше во првата сезона за Б тимот на Реал, а во сезоната 2014/2015 беше на позајмица во Порто. Во Реал го врати Рафаел Бенитез, од сезоната 2015/2016 е незаменлив во тимот.
Реал почна да гради тим за иднината, па Федерико Валверде и Едуардо Камавинга добиваат се повеќе можности во средниот ред. Покрај тоа, Реал планира да доведе уште еден млад играч за врска во летниот преоден рок, најверојатно тоа ќе биде фудбалерот на Монако, Орелијан Чуамени.