Реал Мадрид има намера да донесе уште еден врвен играч во редот за врска. По Џуд Белингем, Реал сака да го донесе и играчот на Интер, Николо Барела. Со евентуалниот трансфер на италијанскиот репрезентативец, Реал, ќе ги промовира наследниците на Лука Модриќ и Тони Крос. Овое двајца на карајот од сезоната ќе го напуштат клубот.
Николо Барела и натаму е желба на Реал, но Интер не се откажува од цената од 80 милиони евра. Барела е под договор со Интер до летото 2026 година, а „Трансфермаркт“ го цени на 75 милиони евра.
Барела е играч на Интер од сезоната 2019/2020 кога на „Џузепе Меаца“ пристигна од Комо. Со италијанската репрезентација во 2021 година стана европски првак.