Реал Мадрид сакаат холандскиот фудбалер од средниот ред Дони ван де Бек да биде дел од било каков договор со Манчестер јунајтед за нивната посакувана цел, дефанзивецот Рафаел Варан, тврди британскиот „Сан“.
„Ѓаволите“ одамна сметаат на 28-годишиот Варан, кој има договор со „кралевите“ до 2022 година, како вистинско засилување на одбраната, додека Ван де Бек не доби многу шанси во својата прва сезона на „Олд Трафорд“ по трансферот од 40 милиони фунти од Ајакс.
Реал би сакале да го добијат 24-годишниот Холанѓанец на заем со опција за купување, но се верува дека Оле Гунар Солскјер смета на него во новата сезона. Флорентино Перез може да реши да го пушти Варан, посебно по пристигнувањето на Давид Алаба и да смета на Едер Милитао и Начо.