Top Sport

Ериксен првпат фотографиран во јавноста по срцевиот напад

Кристијан Ериксен немаше проблем да се фотографира со младиот дански фан, во првото јавно појавување по страшниот момент и срцевиот напад кој го имаше при 0:1 поразот од Финска во првиот меч на ЕУРО 2020.

29-годишниот Ериксен колабираше на теренот во Копенхаген, каде што прво мораше да биде вратен во живот, пред во болницата Ригхоспиталет да му биде враден ИЦД уред (кардио-дефибрилатор).

Тој потоа објави фотографија од болничкиот кревет пред две недели, по што замина на опоравување во Оденсе, северна Данска, каде што беше фотографиран со малиот навивач, Бјорн Биндзус.

„Бев нервозен кога ја побарав фотографијата, но тој беше многу пристоен и ме направи горд. Изгледаше здраво и беше убаво да го видиме“, изјави Биндзус.

Без него, но со негова инспирација, Данска стигна до полуфиналето на ЕУРО 2020 каде што ќе игра со Англија.

Scroll to Top