Top Sport

Реал го следат Фабијан Руиз

Фабијан Руиз, играч на Наполи и репрезентативец на Шпанија се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид. Руиз игра во редот за врска, има 23 години, а мината сезона одиграл 40 натпревари за Наполи на ко забележал седум гола и три асистенции.

Зинедин Зидан и Реал Мадрид до крајот на преодниот рок сигурно ќе донесат играч од редот за врска на „Сантијаго Бернабеу“. Изборот на тренерот е Пол Погба, но Манчестер Јунајтед бараат сума која „кралевите“ не се подготвени да ја исплатат.

Во опција е Кристијан Ериксен од Тотенхем, но тој е фаворит на претседателот Флорентино Перез, а не на Зидан.

Деновиве медиумите шпекулираа дека Реал биле подготвени да ја платата клаузулата и да го откупат од Бетис Аргентинецот Џовани Ло Селсо за 60 милиони евра.

Денес со реал се поврзува и Фабијан Руиз од Наполи. Руиз минатото лето за 30 милиони евра од Бетис се пресели во Неапол.

Она што не е добро за Реал е податокот дека тој нема клаузула за откуп во својот договор, што го прави овој трансфер речиси невозможен, ако се знае каков тврд преговарач е претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Шпекулациите велат дека тој би можел да попушти доколку од Реал понудат најмалку 70 милиони евра.

Инаку Руиз има договор со Наполи до 2023 година.

Scroll to Top