Top Sport

Реал го враќа Одриозола во Мадрид

Алваро Одриозола ќе добие нова шанса во Реал Мадрид. Десниот бек, сезонава е позајмен во Фиорентина, претходно играше и во Баерн Минхен.

Шпанските медиуми пишуваат дека во Реал донеле одлука, Одриозола, по завршувањето на сезоната да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Од Реал испратиле порака во Фиренца дека Фиорентина нема да има можност да го откупи договорот на десниот бек.

Одриозола, во 2018 година за сума од 30.000.000 евра, од Реал Сосиедад се пресели во редовите на „кралскиот клуб“.

Сезонава игра добро во Серија А, а кога на ова ќе се додаде и лошата форма во која се наоѓа Дани Карвахал, јасно е зошто Реал сака да го врати во Мадрид.

Scroll to Top