Иако договорот на Винисиус е до летото 2024 година, Реал Мадрид на крајот на сезонава ќе му понуди нов, пишува шпански „АС“.
Младиот Бразилец е еден од најслабоплатените фудбалери во Кралскиот клуб иако сезонава само Бензема (14 гола) има постигнато повеќе од неговите 9 гола во сите натпреварувања.
Актуелниот договор Винисиус го потпиша како 16-годишник, а според информирањата, сега заработува 3 милиони евра годишно.
Со новиот договор платата ќе му се зголеми најмалку двојно, а во него ќе има и откупна клаузула од 1 милијарда евра.