Англиско–шпанските пресметки ќе ја обележат четврт-финалната фаза во Лигата на шампионите. Мадридските клубови, Реал и Атлетико ќе гостуваат кај Челси, односно Манчестер сити.
Атлетико повторно се враќа во Манчестер, откако во претходната рунда го елиминираа Јунајтед, а Реал ќе се обиде да му се одмазди на Челси за ланската елиминација.
На ждрепката во Нион, среќата им се насмевна на Баерн и Ливерпул.
Првите натпревари ќе се одиграат на 5. и 6.април, реваншите на програмата ќе бидат на 12. и 13.април.
Веднаш се извлечени и двојките за полуфиналето, победникот од мечот Сити-Атлетико ќе игра против подобриот од дуелот Челси-Реал, додека Виљареал и Баерн ќе игра против победикот од дуелот Бенфика-Ливерпул.
Полуфиналните дуели ќе се играат на 26. и 27.април, односно на 3. и 4.мај.
Финалниот меч ќе се одигра во Париз, на стадинот Франција, на 28.мај.