Top Sport

Реал и Баерн се борат за потписот на Варан

Фудбалските великани, Баерн Минхен и Реал Мадрид се борат за потписот на францускиот дефанзивец и светски шампион од 2018 година, Рафаел Варан (30), кој е на излезната врата од Манчестер јунајтед.

И двата клуба имаат проблеми со одбранбените играчи, а според германскиот и шпанскиот печат, изборот паднал на 30-годишниот Варан. Реал до крајот на сезоната ќе биде без Давид Алаба и Едер Милитао, додека Баерн ќе биде без Ким Мин-џае и Нусаир Мазрауи кои ќе учествуваат во азискиот и африканскиот куп.

Клубот од Мадрид може да има одредена предност бидејќи Французинот го носеше дресот на Реал десет години пред да се пресели на „Олд Трафорд“ во јули 2021 година.

Францускиот дефанзивец се пресели на островот за 40 милиони евра, но тој не е во плановите на Ерик тен Хаг.

Договорот на Варан истекува на крајот од оваа сезона, а се шпекулира дека отштетата би можела да изнесува околу 20 милиони евра.

Scroll to Top