Top Sport

Реал и Барса ќе играат во Лас Вегас

Реал Мадрид дел од подготовките за новата сезона ќе ги спроведе на територијата на САД. На Западниот брег, актуелниот шпански и европски шампион ќе одигра три натпревари.

Најголемиот ривал Барселона, ќе биде првиот противник на Реал на американската турнеја. Натпреварот ќе се одигра на 23.јули во Лас Вегас.

По американското „Ел калсико“, Реал ќе игра против Клуб Америка од Мексико на 26.јули во Сан Франциско, а четири дена подоцна во Лос Анџелес „кралскиот клуб“ за противник ќе има уште еден великан, екипата на Јувентус.

 

Scroll to Top