Реал Мадрид и Црвена ѕвезда се единствените тимови, кои во првото коло во Лигата на шампионите, не упатиле ниту еден удар во рамките на голот, на своите противници Пари Сен Жермен, односно Баерн Минхен.
Реал гостуваше во Париз, а Црвена ѕвезда во Минхен, двата тима забележаа порази со 3-0.
На Реал во последните 15 години не им се случило да не шутнат во рамките на голот. Нив во Париз ги победи невниот поранешен играч Анхел Ди Марија кој постигна два гола во првиот дел, а точка на мечот стави Муније во 90 минута.
Наредниот меч Реал ќе го игра против Клуб Бриж во Мадрид, а во А-групата уште е и Галатасарај.
Црвена ѕвезда очекувано загуби во Минхен, иако два гола прими во последните десет минути, кога Баерн ги казни двете катастрофални грешки во одбраната на „црвено-белиот“ тим.
Инаку најубедливата победа во првото коло ја забележа Салцбург во дуелот со Генк. Австријците славеа со 6-2.