Вечерва ќе биде познат противникот на Ливерпул во финалето, во Лигата на шампионите. Полуфиналнуот реванш, во Марид, ќе го одиграат Реал и Манчестер сити. Првиот меч одигран пред осум дена во Манчестер им припадна на „граѓаните“ со 4:3.
Реал опуштено влегува во овој дуел, бидејќи веќе ја освоија титулата во Шпанија, Сити до крајот на сезоната ќе водат жестока борба со Ливерпул за пехарот во Премиер лигата.
„Имаме голема самодоверба, бидејќи сме свесни дека во првиот меч не одигравме добро, а сепак постигнавме три гола. Сега ќе бидеме многу подобри. Имаме карактер, квалитет, историја. Овој клуб победил во многу големи натпревари и освоил најмногу титули во ЛШ. Никогаш не се предаваме. Знаеме што треба да направиме, ова за нас е најважниот натпревар во сезоната“, изјави пред натпреварот Лука Модриќ.
„Освојувањето на Лигата на шампионите би ја променило перцепцијата која кон клубот владее во јавноста. Фактот што стигнавме до финалето минатата година покажува дека работиме добро. Тогаш не победивме, но триумфот оваа сезона би променил многу. Мислам дека сме на вистинскиот пат“, изјави менаџерот Сити, Пеп Гвардиола.
„Ако играме како минатата недела, тогаш имаме шанса да победиме. Доколку не бидеме на тоа ниво, Реал ќе победи“, додаде Шпанецот.
Сити, според најавите, ќе биде без Џон Стоунс, но во тимот ќе се вратат Жоао Кансело и Кајл Вокер. На спротивната страна голем хендикеп за Реал ќе биде отсуството на Давид Алаба.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“., ќе започне во 21 часот.