Кристијано Роналдо е еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч во историјата на Реал Мадрид. За девет години колку што мина на „Сантијаго Бернабеу“, Португалецот постави многу рекорди и освои пет четири трофеи во Лигата на шампионите. Но во Реал не се импресионирани, или можеби се лути што Роналдо минатото лето замина во Јувентус, бидејќи на официјалната интернет страница има малку податоци дека Портгалецот бил дел од Реал.
За почеток е сликата што ги слави четворицата играчи (Рамос, Модриќ, Варан и Марсело) кои беа избрани во најдобриот тим во Лигата на шампионите, за минатата сезона. Роналдо не е спомнат иако неговите голови беа клучни за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.
Реал дури одбрале и фотографија на која најмалку се забележува Роналдо, со која е илустрирана прославата по освојувањео на Лигата на шампионите.
Шпанските новинари тврдат дека Роналдо е забранета тема во клубот од моментот кога тој заминал во Торино. Речиси и да го нема и на клупската телевизија.
„Доколку сакаат да ги прикажат најдобрите моменти на некој фудбалер, тогаш ги исфрлаат сите голови каде што асистент бил Роналдо. Бараат моменти каде што него го нема, а такви моменти тешко се наоѓаат“, пишуваат одделни шпански медиуми.
Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на Реал, но него го нема во делот во кој се играчите шо ја обележале клупската историја и кои се вистински легенди на „кралскиот клуб“.
Португалецот го нема покрај легендите какви се Алфредо ди Стефано и Зинедин Зидан.