Top Sport

Реал ја одреди цената за Родриго

Бразилецот Родриго, еден од најстандарните играчи кај Карло Анчелоти, ја нема довербата на новиот тренер Чаби Алонсо. Реал сака да го продаде Бразилецот до крајот на преодниот рок.

Екипата на популарниот шпански подкаст „Копе“ тврди дека Родриго ќе може да го напушти Реал Мадрид само ако се исполнат два услови, играчот мора јасно да стави до знаење дека сака да си замине, а клубот што сака да го доведе мора да понуди најмалку 100 милиони евра.

Бразилецот е под договор со Реал Мадрид до 2028.

Иако сè уште не покажал никаква намера да замине, за Родриго постои интерес од неколку страни, вклучувајќи ги и клубовите од Премиер лигата. Медиумите најчесто ги споменуваа Арсенал и Ливерпул.

Фото/ Принскрин

Scroll to Top