Top Sport

Реал ја одредил цената за Асенсио

Марко Асенсио е еден од најталентираните шпански фудбалери, проектиран е да биде идната ѕвезда на Реал, но како што пренесуваат медиумите можно е тој во јануари да го напушти клубот.

Младиот играч вистинската шанса ја доби кај Зинедин Зидан, кој го врати од Еспањол и му одреди значајно место во екипата. Беше вистински „бекап“ за Бејл, Иско, Роналдо, Бензема.

Оваа сезона со доаѓањето на Лопетеги, добива многу повеќе шанса во стартниот тим меѓутоа резултатите се тие што му недостигаат на „кралскиот тим“.

Реал од заминувањето на Роналдо нема ѕвезда што го покрене тимот, се почести се шпекулациите дека наскоро во Мадрид ќе пристигне Еден Азар.

За да соберат пари за трансферот на Белгиецот во Марид биле подготвени да го продадат Асенсио. Весникот „Ас“ пишува дека Реал би го продал младиот напаѓач за сума од 115 милиони евра.

Интерес за овој 22-годишен фудбалер покажуваат Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси.

Scroll to Top