Top Sport

Бронза за Кина на Светското првенство

Одбојкарките на Кина го освоија бронзениот медал на Светското првенство кое се одржува во Јапонија. Кинеските до третото место дојдоа со максималната победа 25:22, 25:19, 25:14.

foto: epa

Холанѓанките на расположените кинески одбојкарки им парираа само во првиот сет. Беа целосно рамоправни до 21.21, меѓутоа Кина го доби првиот сет, а потоа класата ја демонстрираа и во вториот. Во третиот сет Холанѓанките се предадоа и освоија само 14 поени.

Јингјинг Ли освои 20 поени за Кина, додека кај Холандија се истакна Лонеке Слујтерс со 14 поени.

fot: epa

Кина го освои својот шести медал на мундијалите, додека Холандија го забележа својот најголем успех.

Scroll to Top