Промената на тренерот нема да му го смени мислењето на Кристијан Ериксен да остане во Тотенхем. Данецот сакаше да замине во летниот преоден рок, меѓутоа не доби дозвола од клубот.
Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо е свесен дека Данецот е незадоволен во клубот и ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок.
Наводно три тима имале желба да го видат Ериксен во своите редови, прашање е кого ќе одбере.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез сака да го донесе во „Сантијаго Бернабеу“ иако тренерот Зинедин Зидан не бил воодушевен од таа идеја.
Јувентус не го кријат интересот меѓутоа тие сакале да го почеката летниот преоден рок, кога Ериксен ќе биде слободен играч. Јувентус се мајстори за вакви трансфери.
Последни заинтересирани се Пари Сен Жермен. Јасно е дека тие можат да му понудат најмногу пари.