Top Sport

Реал ќе се засили со играч на Виљареал

Реал Мадрид планира голема ремонт во претстојниот преоден рок. Во клубот веќе пристигна левот бек Фран Гарсија од Рајо Валјекано.

Како што стојат работите, следен трансфер би можел да биде Самуел Чуквуезе. Крилниот напаѓач на Виљареал, пред неколку месеци блескаше на „Сантијаго Бернабеу“, постигна два гола, а Виљарела го победи Реал со 3.2.

Нигериецот има договор со „жолтата подморница до јуни 2024 година и откупна клаузла од 80.000.000 евра.

Бидејќи влезе во последната година од договорот во Реал се надеваат дека за него ќе траба да платата околу 40.000.000 евра.

Чуквуезе, оваа сезона постигна 13 гола и запиша 11 асистенции.

Scroll to Top