Реал Мадрид од наредната сезона ќе го врати во тимот напаѓачот Раул де Томас, кој сезонава блесна во Сегунда, во дресот на Рајо Ваљекано.
Томас сезонава постигна 23 гола на 29 натпревари за Рајо, поради што во Реал решија да му пружат шанса во првиот тим.
Тој ќе биде резервен напаѓач, а во тимот ќе дојде на местото на Борха Мајорал, кој во потрага по поголема минутажа реши да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Де Томас е член на Реал од 2014 година, но никогаш не добил шанса во првиот тим. Од 2014 година тој е константно позајмуван во други тимови. Томас има играно за Кордоба, Ваљадолид и рајо Ваљекано.