По освојувањето на за него петта титула од Лигата на шампиони, Лука Модриќ ќе потпише ново продолжување на договорот со Реал Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.
Модриќ има поминато девет сезони во Мадрид, од кои во последната освои три трофеи (Суперкопа де Еспања, Ла лига и ЛШ), за да стигне до неверојатни 19 трофеи во шпанската престолнина.
36-годишниот Хрват направи доволно со своите 3 гола и 12 асистенции во 45 настапи за Реал оваа сезона за да го убеди претседателот Флорентино Перез да му даде нов двегодишен договор до 2024 година.
„Се надевам дека ќе се пензионирам во Мадрид. Мадрид е мојот дом, среќен сум во клубот, во градот, луѓето ме сакаат, моето семејство ужива тука“, изјави Модриќ овој месец кога ја доби наградата „легенда“ на весникот „Марка“.