Top Sport

Реал ќе платат 180 милиони за Санчо?

Зинедин Зидан испратил наредба до клупските челници да започнат со реализација на трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, пишува „Билд“.

Тинејџерот од Англија игра одлично оваа сезона, а Зидан кога веќе не можел да го донесе Килијан Мбапе од ПСЖ, решил да се ја проба среќата во Дортмунд. Барем засега во германскиот клуб не размислуваат за продажба на младата ѕвезда, исклучок би била понуда од 180 милиони евра.

Доколку шпекулациите на „Билд“ се покажат како точни и трансферот биде реализиран за оваа сума, тогаш Санчо ќе стане вториот најскапи фудбалер на сите времиња. Рекордот го држи Нејмар, за кого ПСЖ на Барселона и платија 222 милиони евра.

Scroll to Top