Top Sport

Солскјер: Видлива е разликата во квалитетот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, призна дека Манчестер сити во овој момент се далеку подобар тим од неговиот. Сити, синоќа во градското дерби победија на „Одл Трафорд“ 2:0 и направија сериозен чекор кон одбрана на шампионската титула.

Од друга страна Манчестер Јунајтед останаа заковани на шестата позиција со мали шанси да стигнат до место што води во Лигата на шампионите.

„Евидентна е разликата во квалитетот. Поради тоа тие се на врвот, а ние тука каде што сме. Поставија стандарди, а кога живеете во Манчестер не можете да бидете задоволни со тоа. Ние имаме задача да им се доближиме и да ги престигнеме“, рекол Солскјер по мечот.

Scroll to Top