Top Sport

Реал ќе плати 75 милиони евра за Алисон Бекер

Алисон Бекер, голманот на фудбалската репрезентација на Бразил, ќе биде првото засилување на Реал Мадрид, во ерата на новиот тренер Хулен Лопетеги. Тренерот синоќа ја имаше официјалната промоција на „Сантијаго Бернабеу“, откако неславно заврши неговата епизода на кормилото на шпанската репрезентација.

Веднаш по промоцијата на Лопетеги весникот „Мундо депортиво“, објави дека Реал постигнал договор со Рома околу трансферот на голманот Алисон.

Реал неколку сезони е во потрага по голман, иако Кејлор Навас бранеше во константно добра форма. Желбите на Флорентино Перез беа Давид Де Хеа или Тибо Куртоа, а на крајот тој ќе се задоволи со Алисон кој имаше брилијантна сезона во Рома.

Според истиот извор Реал ќе и плати на Рома 75 милиони евра, со што Алисон ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот.

Алисон, со својата репрезентација се наоѓа во Русија на светското првенство. Бразил првиот меч на шампионатот ќе го одигра в недела против Швајцарија.

Scroll to Top