Top Sport

Реал ќе тргне по Икарди, Интер подготвува нов договор

Интер има намера во најкус можен рок да потпише нов договор со својот капитен Мауро Икарди. Причина за ова се „малата“ откупна клаузула во неговиот договор, кој го продолжи минатата година, и интересот на мадридски Реал, пишува „Калчомеркато“.

Актуелниот договор на најдобриот стрелец на Интер истекува на 30 јули 2021 година, но проблемот е откупната клаузула, која изнесува 110 милиони евра.

Кога лани Интер го продолжи договорот со Икарди, размислувањата на челниците не одеа во насока дека на трансфер-пазарот ќе може да се случи вистинско лудило, кое настана по трансферите на Нејмар (222 милиона евра) и Дембеле (150 милиони евра). Тука е и трансферот на Мбапе (180 милиони евра), иако тој официјално ќе биде реализиран во јуни в година. Талентираниот напаѓач сега за ПСЖ настапува како позајмен играч.

Голгетерската форма, 13 гола на исто толку натпревари во Серија А, на Аргентинецот го привлече вниманието на претседателот на Реал, кој полека го губи трпението со формата на Карим Бензема.

Она што може да биде проблем за Интер е платата на Икарди за која преговара неговата сопруга Ванда Нара, која му е и менаџер.

Икарди годишно заработува 4,5 милиони евра, а со бонусите тој износ може да нарасне до 6 милиони евра. Интер ќе се обиде да го направи својот капитен најплатен во Серија А, но сумите во Италија што се издвојуваат за плати се смешни за Англија и за големите шпански клубови.

За илустрација, во Серија А во моментот највисоки плати имаат Гонзало Игуаин и Леонардо Бонучи (7,5 милиони евра).

Ванда Нара, а и челниците на Интер, знаат дека Реал лесно може да издвои и 10-12 милиони евра за плата.

Масаро тврди: Икарди ќе оди во Реал наредното лето

Scroll to Top