Голема кампања, многу засилувања и на крајот ја промашија поената, вака шпанските медиуми гледаат на она што Реал Мадрид го сработиле во преодниот рок.
„Овој Реал е послаб од минатогодишниот и покрај тоа што во тимот се вложени големи пари“, коментираат аналитичарите со напомена дека со исклучок на Еден Азар, останатите се инвестиции за во иднина и дека Милитао, Јовиќ, Менди не се фудбалери кои веднаш ќе бидат носители на играта.
„За сега единствен плус е Герет Бејл, односно одлуката на Зидан да попушти и да го врати во првиот тим, но прашање е до кога та ќе трае“, констатираат од „АС“, алудирајќи на честите повреди на Велшанецот.
„АС“ тврдат дека Реал се во неволја поради лошите проценки.
„Го пуштија Љоренте кој беше единствена замена за Каземиро, се ослободија од Себалјос кој можеше да помогне во ситуација кога триото Модриќ-Крос-Каземиро не функционира веќе подолго време. Иско и Хамес Родригес можат да играат како централни играчи во редот за врска, но нивниот придонес во одбраната е минимален. Зидан не смее да си дозволи луксуз да игра со неколку играчи кои би немале обврски во одбраната“.
Исто така медиумите во Шпанија и аналитичарите се занимаваат и со голманската позиција во Реал. Мислењата се дека Тибо Куртоа не е подобар голман од Кејлор Навас и дека е на голот бидејќи бил скапо платен.
Истоветни се и мислењата дека овој тим на Реал дека овој тим е далеку од оној што четири пати во пет години ја освои Лигата на шампионите. Објаснуваат дека играчите се исти, но дека се заситени од успесите, истрошени и дека се далеку од формата што беа пред неколку години.
Плус сите се сложни дека е невозможно да се надомести заминувањето на Крситијано Роналдо.