На три недели до одигрувањето на „Ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, никој не се осмелува да им гарантира безбедност на фудбалерите на „кралскиот клуб“ во каталонската престолнина, тврди шпанска „Марка“.
Двата клуба уште немаат добиено официјална потврда за тоа колку безбедносни сили ќе бидат достапни на 18 декември на „Ноу Камп“ и од Реал веќе контактирале со шпанската Национална полиција да добијат информации дали состојбата е сменета од 26 октомври, кога требаше да се одигра дербито.
Локалната каталонска власт уште нема дадено никаков став за натпреварот, а Реал Мадрид остануваат на планот нивниот хотел да биде на само 800 метри од „Ноу Камп“, а исто така не планираат да преноќуваат во градот – мечот треба да почне во 20 часот и тие планираат да дојдат и да заминат во ист ден.
Во Реал стравувале дека пристигнувањето на тимот на стадионот може да биде проблематичен, бидејќи постои можност протестантите за каталонска независност да ги блокираат патиштата. На стадионот, каде што самиот клуб Барселона е одговорен за безбедноста, во Реал не гледаат голем проблем.