Top Sport

Реал Мадрид добија дозвола да присуствуваат на судењето на Барса

Случајот „Негреира“ продолжува да доминира на насловните страници на шпанските медиуми веќе втор месец, посебно „жесток“ по вчерашната прес-конференција во понеделникот, во која го обвини Реал Мадрид дека е „режимски клуб“.

Лапорта посочи дека „кралевите“ историски се фаворизирани од судиите, по што Реал Мадрид врати со видео во кое посочија на поврзаноста на Барселона со режимот на Франциско Франко. Непријателството меѓу двата клуба се зголеми кога Реал Мадрид најави дека ќе биде дел од случајот на обвинителството против Барселона околу случајот со исплатите кон поранешниот потпретседател на судиската организација Хозе Негреира.

Според „Кадена СЕР“, се очекува обвинителството да му дозволи на Реал Мадрид да се појави на судот како оштетена странка, бидејќи тие „страдале“ од наводното позитивно судење за Барселона.

Двајца поранешни претседатели на Барселона, Жозе Марија Бартомеу и Сандро Росел пратија писмо до обвинителот во кој бараат Реа Мадрид да не биде дел од процесот.

Scroll to Top