Top Sport

Рио Фердинанд: Слушнав дека Артета нема да ги одбие Реал

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд тврди дека Микел Артета може да го напушти Арсенал за да стане нов тренер на Реал Мадрид ако Карло Анчелоти реши да замине на крајот на сезоната и да ја прифати понудата да стане селектор на Бразил.

Артета ја одработува четвртата и најдобра сезона на чело на „топчиите“, предводејќи ги до првото место во Премиерлигата, каде што имаат четири поени предност пред актуелниот шампион Манчестер сити. Англиските медиуми оваа година признаваат дека тој завршил фантастична работа со „ремонтот“ на тимот и со низа млади фудбалери на теренот. Но, Фердинанд вели дека понуда од „кралевите“ нема да се одбие.

„Арсенал мора да го задржат Артета, тоа е најважното. Слушнав дека ако Рела Мадрид дојдат, тогаш Арсенал ќе остане без менаџер. Дон Карло, веѓата, може да замине, и Артета е прв кандидат да оди во Мадрид. Тоа се зборува на улиците“, вели Фердинанд.

Scroll to Top