Реал Мадрид не за џабе е „кралски клуб“. Последното истражување на компанијата ЈД, вели дека „Лос бланкос“ беа најбаран клуб на Гугл во 2018 година, а мапите кои ги покажаа се „поразувачки“ за сите европски и светски ривали.
По четири титули од ЛШ во последните пет години, мадридистите се најбаран клуб во 97 земји на светот, пред неколку англиски клубови (Арсенал, Манчестер јунајтед и Ливерпул) и Барселона.
Во Европа, Реал Мадрид се водечки клуб во Швајцарија, Хрватска, Русија, Србија, Романија, Литванија, но и Македонија, а популарноста е проширена и во САД и Канада, додека големите нации од Јужна Америка остануваат со своите клубови (Ривер Плата во Аргентина и Фламенго во Бразил), а малите се за Реал (Колумбија, Перу, Чиле, Боливија и Парагвај).
Реал исто така „доминира“ во речиси цела Азија и во северна Африка, додека во јужна Африка најпопуларни се Манчестер јунајтед.