Екипата на Реал Мадрид вечерва го совлада Вилјареал со 2-1 во претпоследното коло од Ла Лига и на тој начин, ја обезбеди новата, вкупно 34-та титула во најквалитетното друштво во Шпанија.
? HALA MADRID!#34Ligas | #RealFootball pic.twitter.com/Hr4c3BXrSW
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) July 16, 2020
„Кралевите“ по пауза од три години повторно се на фудбалскиот врв во Шпанија. На коло до крај Реал има недостижни +7 против Барселона.
Во првото полувреме на мечот се играше 29 минута. Гостите погрешија на средината на табелата, Модриќ тргна кон голот на „жолтата подморница“, на десната страна го проигра Бензема кој рутинирано, под нозете на голманот го најде патот до мрежата за 1-0.
Французинот го стави печатот на победата и на новата титула. Во 77 минута го постигна вториот гол на мечот, откако претходно Серхио Рамос беше фаулиран во казнениот простор. Бензема гаѓаше доле десно за 2-0.
Неизвесноста за момент ја врати Ибора. Погоди за 2-1 во 84 минута.
Сепак, гостите немаа сили за уште еден погодок. Реал преку Асенсио постигна и трет гол, ама поради играње со рака, тој беше поништен.
Најголемиот конкурент на Кралскиот клуб, екипата на Барселона на полувреме од денешниот меч против Осасуна имаше негатива од 1-0. Стрелец за гостинско водство беше Хесе во 15 минута.
Сепак во вториот дел Каталонците имаа можност да направат целосен пресврт.
Најпрво Меси го врати резултатот егал во 62 минута, 1-1.
Потоа во 77 минута гостите од Памплона останаа со играч помалку, но сепак погледите беа свртени кон Мадрид каде Реал водеше со Вилјареал, па Каталонците немаа амбиции за втор погодок.
Осасуна ја искористи целата апатичност на играчите на Барса, па во 94 минута преку Торес стигнаа и до целиот плен.