Долго најавуваниот трансфер сега е дефинитивно комплетиран. Реал Мадрид го потпиша Трент Александар-Арнолд. Ливерпул, и покрај тоа што не го продолжи договорот со Арнолд успеа да заработи бидејќи тој ќе му се приклучи на Реал еден месец пред истекот на договорот.
Желбата на Реал беше да го има во составот десниот бек за натпреварите на Светското клупско првенство. За да си ја оствари желбата „кралскиот клуб“ на Ливерпул му плати 10 милиони евра.
Со ова, Реал покажа сериозна намера да го нападне трофејот, во сезона во која остана без трите најважни трофеи.
🤩 #WelcomeTrent 🤩 pic.twitter.com/FkySMnU5cs
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 30, 2025
Александар-Арнолд беше еден од клучните играчи во исклучително успешниот период на „црвените“ од Ливерпул.
Со Ливерпул освои девет титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и две титули во Премиер лигата.
Од 2018 година, тој е член на репрезентацијата на Англија.