Реал Мадрид ова лето ќе го врати од позајмица норвешкиот фудбалер Мартин Одегард, пишува „Мундо Депортиво“
Одегард минатата сезона на 36 меча во дресот на Реал Сосиедад имаше учинок од 7 гола и 9 асистенции. Според договореното, тој треба уште една година да помине на позајмица, но наводно, „Кралевите“ се премислиле.
„Зинедин Зидан е опседнат со Одегард и единствениот услов кој го има до Флорентино Перез е да го врати Норвежанецот на `Бернабеу` – пишува „Мундо“.
Желбата на Норвежанецот, наводно е да остане и оваа сезона во Сан Себастијан.
Проблем за Сосиедад е што во моментов немаат решение за позицијата на која игра Одегард, но сепак Реал се подготвени да испратат друг фудбалер на позајмица во клубот со кој имаат одлична соработка.