Килијан Мбапе (26) ќе го носи бројот 10 во Реал следната сезона, потврди клубот на социјалните мрежи. Шпанските медиуми објавија дека францускиот напаѓач ќе го наследи бројот на хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ (39), кој го напушти клубот ова лето и потпиша за Милан.
Според информациите од шпанските новинари, одлуката е донесена поради огромното маркетиншко влијание што го носи француската суперѕвезда.
Раководството верува дека дресот со број 10, еден од најпрепознатливите во историјата на Реал, е идеален за играч од калибарот на Мбапе.
Арда Ѓулер, турскиот играч од средниот ред кој ги подгреа гласините со објавувањето на дресот на Модриќ на социјалните мрежи, ќе продолжи да го носи бројот 15.
Мбапе е најголемата ѕвезда на Реал. Тој дојде во клубот минатото лето од ПСЖ и во својата прва сезона имаше 44 гола и пет асистенции во 59 настапи.
Неговиот договор е важечки до летото 2029 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 180 милиони евра.
Foto/ „X“