Top Sport

Реал Мадрид има план А, Б и Ц еден ќе реализира во јануари

Реал Мадриде подготвен за трансфер пазарот во зимскиот преоден рок. По повредите на Дани карвахал и Едер Милитао (двајцата ја завршија сезоната), Реал мора да донесе најмалку еден дефанзивец.

Мадридските медиуми веќе два дена се занимаваат со списокот на засилувања на стоперската позиција, а весникот „АС“ го откри планот на Флорентино Перез.

Според нивните сознанија, Ајмерик Лапорте останува план А, но потенцијалниот проблем е што Ал Наср бара 30 милиони евра, Реал е подготвен да понуди двојно помалку од оваа сума. .

Следен на листата е Кастело Лучеба, стоперот на Лајпциг. Овој 21-годишник Реал го следи уште од периодот кога тој беше играч на Лион. Неговиот евентуален трансфер би претставувал долгоочно решение за одбраната на Реал. Проблем е што Лукеба е поскап од лапорт. Лајпциг го купи летово за 30 милиони евра.

И последната опција е Џонатан Та. Германецот на крајот од сезоната ќе биде слободен играч, па Реал би можел да го убеди да дојде во јануари, а Леверкузен веројатно би прифатил понуда.

Scroll to Top