Top Sport

Реал Мадрид ќе се обидат да го „украдат“ Бруно Фернандеш на Јунајтед!

Шпанскиот фудбалски гигант, Реал Мадрид ја следи ситуацијата на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед и подготвени се да го „украдат“ фудбалерот од средниот ред во летниот преоден рок, тврди португалскиот весник „Рекорд“.

28-годишниот Фернандеш е на „Олд Трафорд“ од 2020 година по трансферот од Спортинг Лисабон, постигнувајќи 53 гола во 146 меча за „ѓаволите“ и има договор до 2026 година, и според „Рекорд“ е среќен во Англија, но не отфрла можност да ја крене кариерата на повисоко ниво, што би значело трансфер во еден од шпанските фудблски џинови.

Португалскиот весник тврди дека Реаал Мадрид го следат Фернандеш од неговите денови во Спортинг Лисабон, а одличната форма на Светското првенство во Катар, само ја вратила старата желба. Покрај тоа, тука е и неизвесноста во Манчестер јунајтед, каде што семејството Глејзеер објави дека го поствува клубот на продажба, по што може да има промени и во тренерскиот и во играчкиот состав на клубот.

Scroll to Top