Top Sport

Лоши вести за ривалите – Њуи останува главен дизајнер и на новиот болид на Ред бул

Адријан Њуи, главниот технички директор на Ред бул рејсинг, потврди дека неговиот тим ќе продолжи и во 2023 година да работи на концептот кој оваа сезона им донесе доминантна титула. Ред бул ги освоија титулите кај возачите и кај конструкторите во 2022 по промените во техничките правила, откако Њуи го дизајнираше РБ18 болидот кој победи на 17 трки оваа сезона.

„Ќе продолжиме да работиме на тој концепт, бидејќи го познаваме најобро. Не се дрзнувам да кажам дека тоа е вистинскиот пат. Можеби некој друг ќе извади подобра идеја од нас“, вели Њуи.

Единствениот технички директор кој освојувал титули со три различни Ф1 тимови (Ред бул, Мекларен и Вилијамс), првично беше критичен кон новите технички правила, сметајќи ги премногу рестриктивни, но тоа не му пречеше да направи еден од најдоминантните болиди во историјата на спортот.

Scroll to Top