Top Sport

Реал Мадрид му нуди на Мбапе нешто што сите пари на ПСЖ не можат да го купат

Милионите кои ги нуди еден од најбогатите светски клубови, Пари Сен-Жермен, се супер-привлечни за речиси сите фудбалери на планетата. Фантастични плати, живот во „градот на светлината“, огромен број на фудбалски фанови и борба за крајната цел, Лигата на шампиони.

Зошто тогаш Килијан Мбапе толку очајно сака да замине од клубот кој успеа да го донесе дури и Лионел Меси во неверојатно трансфер-лето? Зошто привлечноста на Реал Мадрид е толку голема за 22-годишниот Мбапе, кој следното лето практично може самиот да бира каде ќе игра по крајот на договорот со францускиот клуб?

Мбапе беше еден од клучните играчи за ПСЖ во првите три меча досега во ПСЖ, со еден гол и две асистенции, покажувајќи дека е во одлична форма, и можеби со желба да покаже на менаџментот на клубот нешто, посебно на спортскиот директор Леонардо, со кој има „студени“ односи.

Со Нејмар уште на „одмор“ по настапите на Копа Америка, и со Лионел Меси уште недоволно подготвен да игра, Мбапе беше во фокусот на ПСЖ. Кога ќе се вратат другите две ѕвезди во тимот, од лидер на тимот ќе стане само уште еден фудбалер.

Во Мадрид, пак, посебно на „Сантијаго Бернабеу“, каде што клубот ќе се врати на 12 септември, тој нема да биде само ѕвезда, туку ќе биде „ѕвездата“. Галактикос. И секако, Реал Мадрид не е обичен фудбалски клуб. Освојувачот на 13 европски титули во својот бел дрес ги имал најголемите имиња во историјата на фудбалот – од Алфредо ди Стефано и Ференц Пушкаш, до Зинедин Зидан, бразилскиот Роналдо и Кристијано Роналдо. Клуб кој инспирирал милиони деца низ светот, вклучувајќи го и Мбапе.

Фотографијата на 14-годишниот Мбапе во својот кревет во академијата на Монако со постери на Роналдо и Реал Мадрид, го следат од неговиот фудбалски почеток. Сега, Мбапе има уникатна шанса да започне нова ера на клубот.

По заминувањето на Роналдо во Јувентус во 2018, клубот како да беше во „зимски сон“ – минатата година не донесоа ниту едно засилување, со ветување дека следниот потпис на претседателот Флорентино Перез ќе биде „галактико“. Мбапе би требал да го гради тимот околу ѕвездите во години како Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос.

Реал Мадрид му нудат на Мбапе можност да го оствари својот фудбалски сон од детството и да ги надмине сите фудбалски граници. Тоа, сите милиони на ПСЖ не можат да го платат.

Леонардо признава: Мбапе сака да замине, Реал Мадрид се однесуваат „нелегално“

Scroll to Top