Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Оваа информација нема официјална потврда, но тоа е заклучокот на поголемиот дел од светските медиуми кои ја следат ситуацијата околу напаѓачот кој не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен за следната година да може да го напушти клубот како слободен играч и на тој начин да договори поголема плата во нова средина.
Таа нова средина ќе биде Мадрид, а бонусот за потпис со кој Реал го убеди Мбапе да дојде, заедно со најголемите спортски цели и високите приходи, наводно е 160 милиони евра.
Токму затоа се бесни во Париз и се убедени дека тоа е главната причина поради која Мбапе одбива да потпише продолжување на договорот.
Мбапе одигра 260 натпревари за ПСЖ со фантастичен ефект од 212 гола и 98 асистенции. Тој е под договор до следниот јуни.