Top Sport

Реал Мадрид нема да го задржи Марко Асенсио

Реал Мадрид дефинитивно нема намера да го продолжи договорот со Марко Асенсио, објави шпанскиот весник „Марка“. Со оглед дека неговиот договор има важност до следното лето, шпанскиот гигант размислува да го продаде до крајот на летниот преоден рок.

За Асенсио постои интерес од италијанскиот првак Милан, како и од англиските премиерлигаши Њукасл, Арсенал и Тотенхем. Тој ќе треба да одлучи каде би ја продолжил кариерата.

Асенсио со Реал освои 13 титули, меѓу кои три трофеи во Лигата на шампионите и три шампионски пехари во Шпанија.

Scroll to Top