Реал Мадрид се наоѓа на врвот на листата, на 20. најбогати фудбалски клубови. Листата ја објавува „Дилојт“, во предвид се земени само приходите на клубовите, додека долговите не се спомнати.
Минатата сезона „кралскиот клуб“ заработил 750,9 милиони евра, поради што 12. пат се наоѓа на врвот на оваа листа, која „Дилојт“ ја објавува 22. пат.
Најголемиот ривал на Реал, фудбалскиот терен, Барселона е на позицијата број 2. Гигантот од Каталонија остварил приход од 690,4 милиони евра.
Прв пат од сезоната 2014/2015 на првите две места се две шпански екипи.
Зад Реал и Барса се Манчестер Јунајтед со приход од 666 милиони евра.
Во првите десет има уште пет англиски тима. На местото број четири е Баерн Минхен (629,2 милиони евра), а потоа следуваат Манчестер сити (568,4), Пари Сен Жермен (541,7), Ливерпул (513,7), Челси (505,7), Арсенал (439,2), Тотенхем (428,3)…
Листата на „Дилојт“ покажува и дека приходите на тимовите пораснале за шест отсто, во однос на претходната сезона и дека сега изнесуваат 8,3 милијарди евра.