Top Sport

Крвниците на Хрватска предлагаат револуционерни промени во ракометот

Ракометните фанови, особено оние во Хрватска и регионот, добро знаат кои се Мадс Хансен и Мартин Гјединг. Овие двајца судии „дебело“ ја оштетија Хрватска против Германија, во претпоследното коло, во втората фаза на Светското првенство. Хрватите беа поразени (21:22) и останаа без шанси да стигнат до полу-финалето.

Коментарите на одлуката да му досудат на Карачиќ пробивање, во последната минута, кога Хрватска имаше гол негатива, предизвика бескраен бес кај ракометарите и стручниот штаб на Хрватска.

Лино Червар беше најжесток во коментарите, бараше „судиите да одат затвор“ и тврдеше дека во Келн „се случил грабеж“.

Хансен и Гједлинг се свесни дека погрешиле во клучниот момент на мечот, поради тоа предлагаат видео-технологија повеќе да се користи во ракометот.

Видео-технологија постои во ракометот, но се користи само во исклучителни ситуации.

Данските судии предлагаат да се воведе челинџ, каков што постои нпр. во тенисот или одбојката. Користењето на челинџот би било ограничено, а прегледување на снимката би можеле да бараат само тренерите.

„Штета што не постоеше челинџ во овој натпревар, сигурно ќе донесев поинаква одлука, убеден сум во тоа. Немаше да биде потребно долго да ја гледам снимката за да видам дека сум згрешил“, рекол Мартин Гједлинг, човекот кој го досуди непостоечкиот прекршок.

Scroll to Top