Top Sport

Реал Мадрид ова лето, покрај Мбапе, ќе донесе уште две големи засилувања

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на чекор до освојување на титулата во Ла Лига, а раководството на клубот веќе размислува за засилувањата кои ќе пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Прва ѕвезда секако треба да биде Килијан Мбапе од ПСЖ, но шпанскиот весник „АС“ најави уште две нови имиња во таборот на „кралевите“.

Карло Анчелоти ќе добие засилувања и во одбраната и во средниот ред. Антонио Рудигер од Челси се очекува како слободен агент да пристигне во Мадрид и да го засили Реал во последната одбранбена линија.

Според „АС“, договорено е и доаѓањето на Орелиен Чуамени, одличниот играч за врска на Монако, кој треба да биде наследник на Кашемиро во средниот ред.

 

Scroll to Top