Top Sport

Реал Мадрид поднесе жалба во три точки, верува дека Винисиус повторно е жртва

Реал Мадрид поднесе жалба, на црвениот картон што го дбоби Винисисус Жуниор во петокот на „Месталја“ во Валенсија. Реал смета дека Бразиелцот не е виновен , односно дека не е единствениот виноввик.

Винисиус Жуниор се уште ја чека одлуката на Ла Лига за суспензијата поради црвениот картон на натпреварот против Валенсија.

Како што е познато, Бразилецот заработи директен црвен картон, откако падна на провокацијата на Столе Димитриевски. Откако беше исклучен тој тргна вербално да се пресмета и со судијата Сото Градо.

Според правилата на Ла Лига треба да добие минимална казна од четири натпревари.

Сепак, Реал Мадрид поднесе жалба и наведе три главни причини зошто веруваат дека Винисиус треба да биде помилуван:

– Димитријевски го испровоцира Винисиус;
– ВАР донесе контроверзна одлука бидејќи го гледаше само моментот кога Винисиус го удри голманот на Валенсија;
– Контрадикторни судиски извештаи во кои поинаку опишуваат што всушност се случило.

За работите да бидат уште поинтересни, претстои шпанскиот Суперкуп во Џеда, каде Реал Мадрид се бори за трофејот, а во случај на суспензија од повеќе натпревари, потенцијално може да го пропушти финалето со Барселона или Атлетик Билбао.

Scroll to Top