Top Sport

Реал Мадрид сака да го врати Кристијано Роналдо?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересиран да го врати Кристијано Роналдо. Оваа ексклузивна вест ја пласираше британскиот „Мирор“, тврдејќи дека претседателот Флорентино Перез сериозно размислува за оваа опција.

Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната ќе добие нов менаџер, Ерик тен Хаг на клупата ќе го замени Ралф Рангник, а холандскиот стратег треба да спроведе реконструкција на тимот. Медиумите веќе шпекулираат каков тим ќе направи Холанѓанецот и дали ќе има место за Кристијано Роналдо кој без разлика на годините игра одличен фудбал на врвно ниво во Премиер – лигата.

Португалецот во периодот од 2009 до 2018 година остави неизбришлива трага и стана легенда на „кралскиот клуб“ каде на 438 настапи постигна неверојатни 450 голови. Шпанскиот клуб му плати 94 милиони евра на Јунајтед, што беше светски рекорд во тоа време.

Во неколку наврати освои се што можеше да се освои на клупски план, наводно Реал размислува за враќање на Роналдо во случај да не дојде Килијан Мбапе, кој се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по истекот на актуелниот договор со Пари Сен Жермен.

Scroll to Top