Top Sport

Реал Мадрид се заблагодари на понудата, но нема да игра на „Ванда метрополитано“

Првите луѓе на Реал Мадрид се благодарни на гестот на претседателот на градскиот ривал Атлетико Мадрид, Енрике Серезо да ги играат своите домашни мечеви на „Ванда метрополитано“, но нема да ја искористат таквата можност.

„Лос бланкос“ планираат своите шест домашни мечеви од Ла лига да ги играат на „Естадио Алфредо ди Стефано“, малиот стадион до нивниот тренинг-комплекс во Валдебебас, како што беше утврдено во мај додека трае реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако во последните денови се појавија шпекулации дека е можно да се вратат и фанови на шпанските стадиони пред крајот на сезоната, „кралевите“ не го менуваат планот и веќе ги направија потребните модификации на малиот стадион за користење на ВАР техонологијата.

Сепак, гестот и пријатното одбивање покажува дека директорите на Реал и Атлетико имаат пријателски односи.

Scroll to Top