Top Sport

Реал Мадрид со мега-понуда за Рахим Стерлинг, Јуве го „бркаат“ Гвардиола

Реал Мадрид и Јувентус ќе се обидат да ја искористат двегодишната европска суспензија на Манчестер сити за да ги засилат своите редови – Мадрид ќе тргне по напаѓачот Рахим Стерлинг, додека Јуве ќе продолжат со обидите да го убедат Пеп Гвардиола да стане нивни тренер ова лето, тврди британскиот „Сан“.

Реал Мадрид сметаат дека сигурно ќе се обидат да го убедат Стерлинг да го напушти „Етихад“, откако се соочува со две сезони без настапи во Лигата на шампионите, иако Сити го ценат својот напаѓач фантастични 180 милиони фунти.

25-годишниот Стерлинг има договор уште три сезони со Сити, и заработува околу 300.000 фунти неделно, а Сити ќе се обидат да го убедат да остане со понуда од 450.000 фунти неделно. Стерлинг повеќе пати имаше изјавувано дека би сакал да игра надвор од Англија во својата кариера. Иронично, следниот европски меч на Сити е гостувањето кај Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Сан“ исто така тврди дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели прави сè што е можно да го убеди Гвардиола да пристигне во Италија, иако Каталонецот има договор до 2021 година и повеќе пати изјавуваше дека е подготвен да го продолжи договорот.

Зошто Манчестер сити се исфрлени од ЛШ?

 

Scroll to Top