Фудбалскиот клуб Реал Мадрид до крајот на сезоната ќе мора да заработи 200 милиони евра од трансфери на фудбалери, во спротивно ризикува да биде казнет од Ла Лига и УЕФА, тврди „Марка“.
Во Реал минатото лето пристигнаа неколку скапи засилувања како Еден Азар, Фрелан Менди, Милитиао, Лука Јовиќ и Родриго.
Клубот го напушѓтија Маркос Љоренте, Кејлор Навас, Матео Ковачиќ, Тео Ернандез, но нивните трансфери не можат да го покријат минусот настанат од купувањето на трансфер пазарот.
Реал многу повеќе потрошија поради што о крајот на сезоната ќе мора да продаде играчи во вредност од 200 милиони евра за да го испочитува финансискиот ферплеј на УЕФА.
Најмногу пари Реал може да заработи од продажбите на Герет Бејл и Хамес Родригез чие заминување во јануарскиот преоден рок е повеќе од извесно.