Фудбалскиот клуб Реал Мадрид мора да продаде неколку фудбалери за го покрие минусот од 200 милиони евра што на клубот му го предизвика пандемијата на вирусот Ковид-19.
Прв кој ќе замине е Хамес Родригес. Од продажбата на Колумбиецот Реал планирале да заработaт 30 милиони евра, иако претходно имаше информации дека би го пуштиле и са сума од 20 милиони евра.
Проблем за заинтересираните клубови е платата од осум милиони евра која ја има Хамес во Реал.
Покрај Колумбиецот „Марка“ пишува дека клубот планира да ги продаде Герет Бејл, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз. Бидејќи Реал во ростерот има 37фудбалери, овој извор тврди дека не е исклучено на трансфер-листата да се најдат проверени имиња како Лука Модриќ, Лукас Васкез, Дани Себаљос, Алваро Oдриозола, Хесус Ваљехо, Борха Мајорал…
Мартин Одегарди и Такафуса Кубо нема да бидат продадени туку уште една година ќе бидат позајмени на други клубови. Одегард ќе остане во Реал Сосиедад.