Барселона и Реал од 11 јуни ќе а продолжат битката за шампионската титула во Ла Лига. Барселона во последните 11 кола влегува со два поени повеќе од големиот ривал. Во случај тимовите да завршат со ист број на поени Реал ќе биде шампион бидејќи има подобар меѓусебен биланс оваа сезона.
Фудбалерот на реал, Лукас Васкез верува дека на крајот од сезоната тој и неговите соиграчи ќе ја прослават титулата.
„Еибар е првото од 11 финалиња што ги имаме до крајот на сезоната. Се надевам дека ќе победиме во секој од тие натпревари. Се надевам дека тоа ќе биде доволно за да ја освоиме титулата. Убеден сум дека можеме да победиме на сите натпревари до крајот на првенството“, рекол Васкез.
Реал на 13 јуни ќе игра против Еибар, додека Барселона ден претходно ќе се сретне со Мајорка.